Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди натпреварите на неделата во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Покрај средбата Висла Плок – Веспрем (осминафинале 1), за напревар на колото е прогласен и мечот меѓу екипите на Колдинг и Металург (осминафинале 2).
Металург по третпат во сезоната е екипата која, според ЕХФ, ќе привлече најмногу внимание кај љубителите на ракометот и која ќе ги постигне бараните медиумски ефекти на маркетинг службата на ЕХФ.
Интересно, во сите три натпревари Металург беше или ќе биде во улога на гостинска екипа, што е дополнителен комплимент за тимот од “Автокоманда“.
Мечеви на колото:
По три пати: Металург, Колдинг и Висла Плоцк.
По два пати: Веспрем и Кил
Еднаш: Барселона, Пари Сен Жермен, Загреб, Цеље ПЛ, Фленсбург, Хамбург, Р.Н.Ловен, Киелце, Динамо Минск, Вардар и Данкерк.
Ниту еднаш: Мотор Запорожје, Ст.Петербург, Порто, Вакер Тун, Горење Велење, Алборг, Натурхаус ла Риоха и Халмштад.