Натпреварите од 25-то коло во Серија А ќе доцнат 15 минути

Здружението на фудбалери при италијанската Серија А поведе иницијатива со цел натпреварите од 25-то коло да започнат со 15 минути задоцнување.

Причина е подигнување на свеста во комплетната фудбалска јавност околу моменталната ситуација во која се наоѓа Парма.

Во соопштението на ова тело на италијанскиот фудбал, се наведува дека е потребно да се отвори сериозна полемика околу промената на правилото за регистрација на играч, контролата на економската и финансиската стабилност на клубовите, се со цел во иднина, во било кои професионални категории, да се избегне повторување на слични ситуации.