Натпреварите во Премиер лигата се враќаат во вторник

Англиската фудбалска Премиер лига објави во понеделникот дека натпреварите ќе се вратат на програмата според распоредот од вторникот, откако последното коло беше одложено поради смртта на кралицата Елизабета Втора.

Премиер лигата и Англиската фудбалска федерација објавија минатата седмица дека натпреварите се одложени, откако најдолговечната британска владетелка почина на нејзиниот имот во Шкотска на 8-ми септември на 96-годишна возраст.

Во Англија се одложени и натпреварите во женската Суперлига и во пониските лиги.

Најавено е дека на кралицата ќе ѝ биде оддавана почест пред секој натпревар со минута молк, учесниците ќе носат црн флор околу рацете, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје и ќе биде интонирана химната на сите стадиони, се наведува во објавата.