Национална жалост во Јужна Африка поради смртта на Мандела

Посмртните останки на поранешниот јужноафрикански претседател се донесени од неговата куќа во Јоханесбург во главната воена болница во Преторија.

Во Јужна Африка е објавена национална жалост, а знамињата во целата земја се спуштени знамињата на половина копје до денот на погребот.

Во и околу домот на поранешниот претседател на ЈАР во Јоханесбург се собраа стотина лица за да му оддадат почит на својот национален херој.