Реформите во воспитно-образовниот систем во Република Македонија се тема на научната конфенренција што се одржува денеска на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Конференцијата се одржува по повод одбележувањето на Денот на просветителството 24-ти Мај.
Најавени се пленарни излагања на професори од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на повеќе теми, за реформите во воспитно-образовниот систем, ефектното образование во раното детство, професионалниот идентитет на одделенските наставници низ призмата на реформите во основното и високото образование и за образовната понуда на високото образование во Република Македонија – од квантитет кон квалитет.