Научници во Германија велат дека ја разјасниле причината за ретката појава на згрутчување на крвта поврзана со вакцините за коронавирус „AstraZeneca“ и „Johnson&Johnson“ и веруваат дека вакцините може да се променат за целосно да се заобиколи ваквата реакција, пишува Reuters.
Ролф Маршалек, професор на универзитетот Гете во Франкфурт, кој го спроведува истражувањето за оваа ретка состојба од март, рече дека неговото истражување покажало дека проблемот е во аденовирусните вектори што двете вакцини ги користат за да го испорачаат „спајк“ протеинот на вирусот Sars-Cov-2 во телото.
Механизмот за испорака значи дека вакцините се испраќаат од т.н. „спајк“ протеин во клеточното јадро, а не во цитозолната течност што се наоѓа во клетката во која вирусот нормално произведува протеини, велат Маршалек и други научници во трудот објавен во средата.
Кога влегуваат во клеточното јадро, одредени делови од „спајк“ протеинот се спојуваат или се раздвојуваат, создавајќи мутирани верзии, кои не можат да се врзат за клеточната мембрана, каде што се случува важна имунизација. Пловечките мутирани протеини се излачуваат во телото, што предизвикува згрутчување на крвта кај приближно на еден од 100.000 луѓе, според теоријата на Маршалек.
Спротивно на тоа, вакцините засновани на mRNA, како што се оние што ги развиле „Pfizer“ и „Moderna“, го испорачуваат генетскиот материјал на „спајк“ протеинот во клеточната течност и тој никогаш не влегува во јадрото.
„Кога гените на вирусот ќе се најдат во јадрото, тие можат да создадат некои проблеми“, вели Маршалек.
Ретка реакција на згрутчување на крвта што се мешаше во вакцинацијата со „AstraZeneca“ и „Janssen“ беше пријавена кај 309 од 33 милиони луѓе кои ја примиле вакцината „AstraZeneca“ во Велика Британија, предизвикувајќи 56 смртни случаи. Во Европа, најмалку 142 лица имале згрутчување на крвта од 16 милиони вакцинирани.
Како одговор на тоа, употребата на „AstraZeneca“ е ограничена или прекината во повеќе од десетина земји. „Јohnson&Johnson“, односно „Janseen“ започнаа да ја воведуваат својата вакцина во Европа со предупредување на пакувањето во април по кратко доцнење поради страв од предизвикувањето тромб.
Но, Маршалек верува дека постои директен „излез“ доколку оние кои развиваат вакцини ја сменат низата на „спајк“ протеинот за да се спречи неговото одвојување.
„Johnson & Johnson“ веќе контактирале со лабораторијата на Маршалек за да побараат насоки додека бараат начини да ја прилагодат својата вакцина за да се спречи тоа спојување, рече тој.
„Спајк“, или шилестиот протеин во вакцината „Johnson&ohnson“ веќе бил помалку склон кон „спојување“ отколку „спајк“ протеинот во вакцината „AstraZeneca“, што ја прави реакцијата поретка, според Маршалек. Во САД, осум од 7,4 милиони примачи на вакцината „Johnson&Johnson“ пријавиле ретка реакција.
„Во моментов ‘Johnson&Johnson’ сега се обидуваат да ја оптимизираат својата вакцина“, рече тој.
„Со податоците што ги имаме во рака, можеме да им кажеме на компаниите како да ги мутираат тие низи, кодирајќи го „спајк“ протеинот на начин што спречува несакани реакции на фузија“, рече Маршалек додавајќи дека неговата лабораторија сè уште не разговарала за неговите откритија со „AstraZeneca“.
„AstraZeneca сè уште не стапила во контакт со нас, така што ние не разговаравме со нив, но ако тие го направат тоа, можеме да им кажеме што да прават за да развијат подобра вакцина“, рече тој.
Од „„Johnson&Johnson“ велат дека „поддржуваме тековно истражување и анализа на овој редок настан додека работиме со медицински професионалци и глобални здравствени власти. Со нетрпение очекуваме да ги разгледаме и споделиме податоците веднаш штом ќе станат достапни“.
Од производителот на „AstraZeneca“ не одговориле веднаш на барањето за коментар.
Некои научници предупредија дека теоријата на Маршалек е една од многуте и дека се потребни дополнителни докази за да се потврдат неговите тврдења.
„Сè уште нема докази што покажуваат каузална поврзаност помеѓу фузијата на „спајк“ протеинот и тромбозата“, рече Јохан Олденбург, професор по трансфузиона медицина на Универзитетот во Бон.
„Ова е сè уште хипотеза што треба да се докаже со експериментални податоци“,– додава тој.
Маршалек рече дека ги презентирал наодите од неговата лабораторија пред Институтот Пол-Ерлик на германската влада и советодавното тело на земјата за вакцинација и имунизација.
„Тие беа изненадени од нашите откритија, бидејќи никој не размислуваше за проблемот со врската“, рече тој.