Истражувачите од Универзитетот Џорџ Вашингтон во дистриктот Колумбија создадоа минијатурен уред кој овозможува речиси моментално откривање на присуството на новиот коронавирус кај луѓето или траги од антитела во организамот формирани како оддговор на патогенот доколку пациентот веќе бил инфициран.
Како што се истакнува во написот на специјализираниот портал MedicalXpress посветен на ова истражување, треба да се истакне дека функционирањето на уредот се заснова на методот на спектроскопија на боите, а резултатот од тестот пациентот може да ја добие преку специјална апликација на својот паметен телефон.
Детекторот, кој се состои од проводници со дебелина колку влакно од човечка коса и е покриен со извонредно тенок слој злато, е во состојба да реагира на супстанции во гасовита состојба и да сигнализира за нивно присуство со промена на бојата на индикаторот.
Од своја страна, пак, вештачката интелигенција, анализирајќи ја реакцијата на детекторот е способна да утврди каква супстанција има во крвта на пациентот.
„Во време на пандемијата вакви брзи тестови се многу важни. Нашите соработници успеаја да го калибрираат уредот така што ќе го открие присуството на коронавирусот во крвта на ист начин како и антителата во крвотокот, кои се формирале кај пациените кои го одлежале Covid-19“, вели авторот на студијата,“, вели Мона Заглук, професор по компјутерско инженерство на Универзитетот Џорџ Вашингтон.
Технички, тоа изгледа многу едноставно, појаснива научничката. За да се спроведе тестот неопходно е детекторот да се третира со раствор кој содржи протеини кои се специфично врзани со коронавирусот. Доколку некое лице е заразено со SARS-CoV-2, тогаш вирусот стапувајќи во контакт со површината на детекторот може да ја промени бојата на индикаторот. Откако ја фатил оптичката метаморфоза на мобилниот телефон пациентот веднаш добива одговор дали е носител на вирусот или не.
„Овој уред е особено неопходен сега, кога успехот во лекувањето зависи од тоа колку брзо лекарите можат да ги идентификуваат заразените и, што е најважно, за можноста да се спречи ширењето на опасната инфекција. Треба да ги опремиме матичните лекари и другите социјални служби со технологијата којашто ќе им помогне на лекарите во нивнат секојдневна работа“, појаснува коавторот на уредот, др Жана Џордан од Школата за јавно здравје при Институтот Милкен во калифорниска Санта Моника.
Заглул изразува увереност дека со помош на вештачката интелигенција и развиениот детектор ќе може да се обезбедат обемни бази на податоци и систем за идентификуваните пациенти и носители на коронавирусот.
„Стручњаците и пациентите ќе можат директно да ја поставуваат индормацијата на ‘облакот’“, појаснува професорката.