Научниците ја открија слабата точка на коронавирусот

Научниците откриле дека трансмембранскиот протеин 41 B (TMEM41B), кој е неопоходен за размножување на SARS-CoV-2, е слабата точка на овој вирус, се наведува во студијата објавена во списанието Cell.

Во текот на истражувањето било забележано дека протеинот TMEM41B помага во формирањето на масната надворешна мембрана, којашто го штити генетскиот материјал на вирусот додека тој се реплицира во внатрешноста на заразената клетка и пред да инфицира друга.

Американските истражувачи спровеле низа експерименти, при што ја споредувале репродукцијата на коронавирусот во заразените клетки со слични процеси кај дваесеттина смртоносни флавивируси, вклучителни и оние кои предизвикуваат Жолта грозница и болеста Зика. Научниците, исто така, го споредиле разможувањето во инфицираните клетки со три сеознски коронавируси, коишто имаат тенденција да предизвикуваат настинка.

Притоа, истражувачите го користеле уредот за редактирање на гените CRISPR, за инактивирање на секој од над 19.000 гени во клетките заразени со секој вирус, вклучително и со SARS-CoV-2. Потоа ги споредиле молекуларните ефекти од блокирањето на гените врз способноста на вирусот да се реплицира.

Се покажало дека TMEM41B е единствената молекуларната карактеристика којашто имала клучно значење за реплицирањето кај двете фамилии вируси. Во иднина научниците имаат намера да работат на создавање метод на третман насочен којн деактивирањето на TMEM41B.