Научниците од Универзитетот на јужен Париз во рамките на своето истражување докажале дека во етиопската долина Далол не опстојуваат какви и да се бактерии.
Експертите истакнуваат дека присуството на вода на површината на планетата, како по правило, се користи како критериум за утврдување дали една област може да биде живеалиште.
„Сепак, спроведеното истражување покажува дека дури и на Земјата постојат места во кои отсуствува секоја форма на живот, и покрај присуството на вода кај нив“, се наведува во текстот објавени во списанието Nature Ecology & Evolution.
Како што се забележува во студијата, водата во езерата во оваа вулканска долина е многу солена и заситена со магнезиум, така што нејзината температура достигнува до 108 Целзиусови степени. Според научниците, секоја жива клетка не е способна да опстојува во вакви услови.
Сепак, научниците успеале да пронајдат живот во близина на долината, и тоа се главно едноклетичните археи.