Американските матемитичари и социлози ја анализирале активноста на корисниците на сервисот за микроблогирање Twitter, кои биле осомничени за лобирање во интерес на Русија и влијание врз гласачите на претседателските избори во 2016 година, и притоа експерите не нашле никакви навестувања дека тие би можеле да имаат и минимално влијание врз мислењето на изборачите, а нивите откритија се објавени во научното списание Proceedings of the National Academy of Sciences.
„Денес, во општеството и во американскиот Конгрес е популарна идејата дека Русија има огромно влијанир врз политичките определби и однесувањето на американските граѓани со помош на социјалните мрежи. Ние не откривме никави докази за тоа дека комуникацијата со ботови и тролови на кој и да е начин ги променла политичките позици на сите корисници на Twitter кои ги проучувавме“, се наведува во студијата.
Голем број американски политичари и разузнавачи постојано ја обвинуваат Русија, односно нејзината влада и некои организарени групи „интернет тролови“, дека ги користат социјалните мрежи за манипулирање со американските политички или социјални процеси. Особено Москва е обвинета од страна на бројни членови на Конгресот и разузнавачката заедница дека се мешала во американскиот изборен процес во 2016 година.
Летово комисијата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер ја заврши повеќе од двегодишната истрага за наводната поврзаност на изборната кампања на републиканскиот претседател Доналд Трамп и Русија. Нејзините не нашле врски меѓу камапњата и Москва, но и покрај отсуството на докази во февруари 2018 година поднесоа официјални обвиненија против 13 руски државјани коишто наводно ја координирале активноста на натрапниците во изборниот процес или директно учествуваел во мешањето.
Кристофер Бејл, социолог од американскиот Универзитет Дјук, како и неговите колеги, одлучиле да проверат дали ваквите тврдења се вистинити. Тие истражувале како активноста на наводните „руски тролови“ влијаела врз политичките определни и ставови на речиси 1.300 корисници на Twitter, кој се изјаснувале како демократи или републиканци.
Бејл и неговиот тим проучувале веќе повеќе години како политичкото нстроение во општествотпо како целина влијае врз животот на корнисците на мрежите, и обратно. На пример, една година појасниле, анализирајќи ги пребарувањата на Google, дека растот на антимуслиманските определби во одредени окрузи на САД е придружуван со случен пораср на сочувствот за екстремистичките исламски групаци меѓу муслиманите кои живеат во истите окрузи.
Користејќи слични статистички и математички пристапи, научниците го анализирале затворените податоци за активностиет за претпоставените „руски тролови“ кои им ги обезбедиле експертите на Twitter. Покрај тоа, експертите проучувале со кои кориснции на оваа социјална мрежа „троловите“ комуницирале.
Во оваа анализа тие се потпирале на едноставната идеја. Доколку „ботовите“ и „троловите“ навситина влијаеле врз мислењата на обичните Американци, тогаш активната комуникација со нив би требало, до некоја можноста да ги промени политичките расположенија на другите корисници на Twitter. Отсуството на ваквите промени, пак, ќе укажува на спротивното.
Водени од ваквите размислувања, научниците ги анализирале извештаите и спрвеле серрија анкети меѓу неколку стотици активни микроблогери, од кои едната половина активно ја поддржувале Демократската партија, а другата републиканците. Споредувајќи ги резултатите од овие проучувања, спроведни во интервал од околу еден месец, Бејл и неговите колеги ја оцениче ефективноста од активностите на „ботовите“ и „троловите“.
Во принцип, овој индикатор се покажал блиску до нулата. Од една страна, повеќе од 80 отсто од анкетираните корисници никогаш не комуницирале со акаунтите на наводните „агенти за влијание“ на Русија. Од друга страна, пак, оиние учесници во студијата кои најактивно комуницирале и одговарале на објавите на „ботовите“, не ги промениле своите мислења, бидејќи речиси сите припаѓале на категоријата убедени либерали и конзервативци, чиишто мислења биле максимално поларизирани и претходно без „помош од троловите“.
Притоа, научниците не ја исклучуваат можноста „троловите“ и „ботовите“ да бидат поуспешни на другите социјални мрежи, како на пример Facebook и Instagram, како и кога се активни меѓу гласачите кои немаат јасно изразена политичак припадност. Тие планираат во скоро време да ги проверат сето тоа, заклучуваат Бејл и неговите колеги.