Научниците осмислија дезинфиценс кој ги штити површините од вируси 90 дена

Научниците од хонгоншкиот Универзитет за науки и технологии (HKUST) осмислите дезинфициенс кој би можел да заштити разни површини од коронавирусот во текот на 90 дена.

Средството за премачкување наречено MAP-1 (Multilevel Antimicrobial Polymer) ефикасно убива до 99,9 отсто од високоинфективните вируси, како оние коишто ги предизвикуваат сипаниците, заушките, рубиолата или мачешкиот калцивирус, како и многу бактерии и некои видови спори. Неговата ефикасност е потврдена и кај микроорганизмите отпорни на лекови, во две теренски студии спроведени во болница и во дом за стари лица во Хонгконг.

Научниците истакнуваат дека бројот на бактериите резистентни на лекови на завесите на Одделот за интензивна нега во болницата „Ковлун“ во текот на три седмици бил намален за околу 98,7 отсто.

Спрејот MAP-1, кој наводно ги штити површините и од новиот тип коронавирус, во Хонгконг се продава по цена од осум евра за шишенце. Производот по клиничките испитувања е одобрен за службена и масовна употреба во февруари.

Спрејот MAP-1 го осмислил тимот научници од HKUST, предводен од Јеунг Кинг Лун, професор на Катедрата за хемиски и биолошко инженерство и Одделот за екологија и одржливост, а за тоа им биле потребни десет години.

Професорот Јеунг, вели дека премазот е ефикасен и до 90 дена, како и дека овозможува трајна заштита и површинска дезинфекција од микробните контаминирања. Производот е наменет за употреба на различни површини, вклучително метали, бетон, дрво, стакло, пластика, како и ткаенини, кожа и текстил, при што не се менува изгледот на материјалот на кој се користи.

Во согласност со техничките стандари за дезинфекција, кои ги објави Националната здравствена комисија во континентална Кина, докажано е дека споменатата супстанција не е токсична, дека е безбедна со кожата и околината, па може да се користи и во средствата за дезинфекција на рацете, во боите и во средствата за премачкување, како и во филтери за прочистување во воздухот и водата и за изработка на заштитна облека и хируршки маски.

Во настојувањата глобално да придонесат во борбата против епидемијата на коронавирусот, научниците од HKUST во соработка со својот индустриски парнерт „Chiaphua Industries Limited“ (CIL), го нанеле овој премаз на површини во повеќе од 70 домови за стари лица, детски градинки и основни и средни училишта. Бил тестиран и во трговски центри, училишни автобусите, цркви и спортски сали.

„Оваа супстанција може да се распрснува по јавни површини како што се гелендери или лифтови. Овие места често се допираат, што овозможува брз пренос на вирусот“, вели Џозеф Кван, еден од главните истражувачи од HKUST.

„Спрејот е составен од милиони нанокапсули со дезинфекциски средства кои се ефикасни во инактивирањето на бактериите, вирусите и спорите, дури и откако ќе се исушат“, вели Кван.

Додава дека ефикасноста на средството MAP-1 е зголемена со чувствителни на топлина, кои се распаѓаат во допир со човековата кожа и го ослободуваат дезинфекциското средства, за разлика од вообичаените средства за дезинфекција како што се алкохолите и средствата за белеење.