Научниците од американскиот Универзитет Јеил, центарот Хелмхолц и универзитетската болница Аугсбург откриле дека ултрамалите честички (100 нанометри) кои се среќаваат во загадениот воздух а чиј главен извор се издувните гасови од автомобилите, може да предизвикаат инфаркт на миокардот.
Како што се наведува во соопштението кое го пренесува порталот MedicalXpress, истражувачите дошле до заклучокот дека во текот на првите неколку часа од дејството врз организмот, овие честички лесно продираат во крвта и може да предизвикаат големи проблеми во работата на срцето.
„Нашата студија го потврди она што го претпостаувавме долго време. Дека најмалите честички во загадениот воздух може да влијаат врз развојот на сериозни срцеви заболувања. Тое е особено актуелно во текот на првите неколку часа“, од изложеноста на загадениот воздух“, изјавил водачот на истражувањето, доцентот на Универзитетот Јеил, Каи Чен.
Истакнал дека зголеменото ниво на ултрамалите честички предизвикува голема загриженост, од аспект на јавното здравство.
Со ова истражување биле опфатени речиси 6.000 луѓе, кои преживеале срцеви удари во периодот од 2005 до 2015 година.