Научниците открија пренесување на коронавирусот од луѓе на мачки

Во Велика Британија се откриени два слуачи на пренесување на коронавирусот од луѓе на мачки, а научниците на Универзитетот во Глазгов тврдат дека двете мачки, од различни соеви и од различни домаќинства, започнале да имаат здравствени проблеми откако нивните стопани биле заразени со коронавирусот.

Студијата, од коишто резултатите се објавени во списанието Veterinary Record по програмата за тестирање за мачјата популација, укажува на тоа дека нема докази за тоа дека имало пренесување на коронавирусот во обратна насока, од мачките или кучињата на луѓето. Се додава дека домашните животни немаат некоја позначајна улога во епидемиологијата на човечките зарази.

Меѓутоа, научниците истакнуваат дека тие потенцијално може да претставуваат своевиден „резервоар на вирусот“ и дека затоа е важно да продолжат истражувањата дали може домашниот миленик да биде фактор во ширењето на заразата меѓу луѓето.

„Трансмисијата на вирусот од животните на луѓето моментално претставува реалитивно низок ризик за јавносто здравство“, вели главна авторка на студијата, професорка по компетитивна вирологија на глазговскиот универзитет, Маргерет Хоси.

„Но со намалувањето на бројот на случаите на заразата меѓу луѓето, можноста за пренесувањето меѓу животните ќе стане поважна како потенцијални извор за враќање на вирусот меѓу луѓето. Оттаму е клучно да се унапреди нашето разбирање за тоа може ли изложените животни имаат некаква улога во пренесувањето“, појаснува Хоси.

Заразата првпат е откриена кај четиримесечно маченце од видот „Раголи“ кај коешто се развиле респираторни симптоми откако неговите сопственици биле заразени со коронавирусот. Ветеринарите не успеале да го спасат, а одбукцијата покажала дека станува збор за воспаление на белите дробови и докажала зараза со коронавирусот.

Вториот пример се однесувал на шестгодишна сијамска мачка, на којашто зразата, исто така, ја пренеле сопствениците. Нејзините симптоми биле поблаи и успешно закрепнала.

Научниците веруваат дека вистинскиот број на преносот на коронавирусот од луѓето на животните всушност е многу поголем, бидејќи не се спроведени доволно тестирања, освен спорадични случаи кои е пријавуваат уште на почетокот од пандемијата на Covid-19. Не е познато дали можат мачките заразени со коронавирусот да го пренесат вирусот на другите животни. Откако започна пандемијата имаше извештаи за заразени мачки во Белгија, Хонгонг, САД, Франција и Шпанија. Се претпоставува дека во сите случаи мачките биле заразени од нивните сопственици.

„Станува збор за висококвалитетна студија, бидејќи вклучува секвенционирање на геномот чијашто цел е да го потврди начинот на пренесувањето на вирусот“, коментира професорот Џејмс Вуд, шеф на одделот за ветеринарна медицина на Кембриџ, кој не учествувал во истражувањето.