Африканскиот континент може да се „распарчи“ како резултат на тактонски удар на територијата на пустината Афтар во североисточна Етиопија, што би довело до формирање нов океан по пет до десет милиони години, покажуваат податоците до кои дошле британски и американски научници.
Како што истакнува во емисијата за телевизијата NBC, истражувачот од Универзитетот Лидс, Кристофер Мур, лоцираната зона се наоѓа на крстосувањето на три тектонски плочи и веќе започнала да се разидува, образувајќи во 2005 година пукнатина долга околу 56 километри. Следењето на промените кои се одвиваат во етиопската пустина, се спроведува преку анализа на податоците добиено од сателитските радари.
„Оваа пустина (Афар) е единственото место на Земјата каде можете да проучувате како континенталното раздвојување станува океанско раздвојување“, вели Мур.
Геофизичарката Синтија Ебингер од Универзитетот Тулејн во Њу Орлеанс, во државата Луизијана, ги поврзува тектонските процеси со зголемениот притисок предизвикан од растечката магма. Се очекува, дека по формирањето на разделувањето, водите во Аденскиот залив и Црвеното Море да ја потпопат Афар и Источно-арфиканската раседлина, создавајќи нов океан.