Коронавирусот SARS-CoV-2 предизвикува силен имунолошки одговор кој ја попречува борбата на организмот со инфекцијата, открија научниците од Универзитетот Сан Франциско, чиешто истражување го објави порталот MedicalXpress.
Експертите сметаат дека организмот започнува со обидите да се „ослободи“ од вирусот по само неколку минути од инфекцијата и извонредно силната реакција во таа борба доведува до тежок тек на болеста.
Истовремено, имунолошкиот одговор при зараза со коронавирусот е значително поразличен од однесувњето на имуносистемот, на пример, при инфекцијата со вирусот на грип, се истакнува во студијата.
Научниците, исто така, откриле дека коронавирусот е способен да ги инфицира не само клетките на респораторниот тракт кај човекот, туку и делови од други органи. Во тоа му помагаат протеинските шила поради кои и го добива името. Сепак, пенетрацијата во клетките преку респораторниот тракт е навистина најлесниот пат за вирусот, напомнуваат научниците.