Научниците со нова верзија за појавата на омикрон сојот

Научниците ја разгледуваат хипотезата дека новата омкрон варијанта на коронавирусот се појавил по пренесување на вирусот од човек на ќивотно, каде брзо се адаптирал и се вратил меѓу луѓето, вели за агенцијата Bloomberg соработникот на Харвардскиот колеџ за јавно здравје, Т.Х. Чана Сихулиле Мојо.

„Сѐ уште се обидуваме да разбереме како се формирале толку многу мутации за толку кус временски период. Доколку ги погледнете претходните варијанти, како алфа или бета, ќе видите дека митациите се акумулирале во тек на подолг временски период“, вели научникот кој е меѓу истражувачите кои први ја идентификуваа новата варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2.

Начинот на кој омикрон варијантата брзо се шири низ светот е загрижувачки, продолжува Мојо, бидејќи се чини дека акумулира сопствен модел на мутација.

Новиот сој првично означен како B.1.1.529 првпат беше откриен во Боцвана и Јужноафриканката Република по 20-ти ноември. Содржи најмалку 32 до стотина мутации на S или „шилестиот“ протеин, преку кој вирусот ги инфицира клетките.

Според истражувачите, могу од новите промени во геномот на SARS-CoV-2 укажуваат на висока преносливост на оваа варијанта и отпорнсота на заштитните антитела кај оние кои ја прележале коронавирусната болест Covid-19 или се вакцинирани, иако е прерано да се извлечат конечни заклучоци. Многумина веруваат дека B.1.1.529 првично се развил во организам на имунокомпромитирано лице, односно пациент со СИДА/ХИВ.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) варијантата на вирусот B.1.1.529 ја означи како „загрижувачка“ и ја именуваше како омикрон според 15-та буква од грчката алфабета. Стручњаците веруваат дека лицата кои веќе ја прележале болеста или се вакцинирани повторно може да се заразат, а симптомите се поблаги и се движат од замор до главоболки и болки по целото тело.