
Археолозите откриле во Турција гробница во којашто претпоставуваат дека е погребана Гурџи-Хатун, внука на грузиската царица Тамара, објави амбасадата на Грузија во Анкара.
„Изведени се археолошки истражувања во областа Пасинлер крај градот Ерзурум при што се откриени саркофази, коишто најверојатно припаѓаат на султаното Ал ал-Дин Кај-Кубад Втори и неговата мајка царицата Тамара наречена Гурџи-Хатун“, се вели во соопштението на амбасадата.
Во соопштението се додава дека ќе биде спроведено детално проучување на ова прашање.
Гурџи-Хатун биле грузиската принцеза Тамара, ќерка на царицата Русудан и внука на легендарната Царица Тамара од династијата Баграт. Во 1236 година била омажена за Румскиот султан Кас Ед-дин Хусерви Втори (1236-1246). Грузиската принцеза имала големо влијание на дворецот на султанот. Била наречена Гурџи-Хатун, што се преведува како „Грузиска дама“.