Израелските научници создадоа модел на човечки ембрион без јајце клетка, сперма или матка. Тие го направиле тој модел од матични клетки.
Колку е веродостојно најдобро говори фактот дека пронајдокот ослободува хормони кои дале позитивен тест за бременост во лабораториски услови.
Оваа голема вест од областа на науката предизвика контроверзии на интернет. Дали сега создаваме луѓе од лабораторија – е само едно од прашањата што ги поставуваат корисниците на социјалните мрежи. Тие предвидуваат и апокалиптични сценарија и велат дека „ќе биде како војните на клоновите“.
Многумина се запрашаа зошто научниците го прават тоа?
Мотивите се далеку од она што се споменува на социјалните мрежи. Научниците велат дека го развиваат моделот на ембрионот со надеж дека ќе најдат етички начин да ги проучат најраните моменти од нашето постоење и да откријат одредени болести.
Тимот на Институтот Вајсман вели дека нивниот „модел на ембрион“ направен од матични клетки е учебнички пример за вистински ембрион стар 14 дена.
Тие велат дека ова може да помогне да се утврдат причините за многу вродени дефекти и неплодност, да се развијат нови техники за растење на ткива и органи за трансплантација и други решенија кои би можеле засекогаш да ја променат медицината.