-0.2 C
Skopje
среда, ноември 27, 2024

Научник настрада во напад на неговите две бели лавици

Познатиот заштитиник на природата  Вест Метјусон е убиен во напад од две албино-лавици кои ги носел на прошетка.

Метјусон го одржа популарниот сафари камп „3 лавови“ во провинцијата Лимпопо во Кенија.

Неговата сопруга, која го придружувала во џип, се обидела да ги раздели лавиците, но не успеала.

По нападот, двете лавици биле пренесени во друг сафари парк, од каде се очекува да бидат ослободени во дивина.

Според сведочењето на сопругата на убиениот научник, лавиците најпрво започнале да се борат една со друга, а потоа се свртеле кон несреќниот Метјусон, јави Би-Би-Си.

Според локалното население, двете женки лавови веќе убиле еден работник откако во 2017 година избегале од кафезот.

Треба да се потсетиме дека Стив Ирвин, австралиски истражувач познат по емисиите за крокодили, исто почина за време на снимањето на документарец од последици од убод од ража.