Во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Факултетот за безбедност-Скопје денес ќе се одржи научна дебата насловена „Политичката и безбедносна криза во Република Македонија – стратешки пристапи за системски решенија“ .
Дебатата се одржува во рамки на серијата дискусии организирани од Факултетoт за безбедност со цел да се подобри владеење на правото и демократските вредности во нашата земја.
Како што е најавено, на научната дебата ќе говорат проф. д-р Миодраг Лабовиќ, проф. д-р Томе Батковски, проф. д-р Жидас Даскаловски, проф. д-р Ризван Сулејмани, доц. д-р Владимир Божиновски.
На тркалезната маса поканети се и научници и експерти од оваа област, како и политички аналитичари кои го обликуваат јавното мислење во Република Македонија, да дискутираат на темата „Како да се реши актуелната политичка криза“.