По десетина години, можно е да бидат создадени клетки коишто ќе бидат имуни на вирусите, на ракот, стареењето и замрзнувањето, објавија водечките генетичари вклучени во студијата Genome Project.
Своите тврдења научниците ги поткрепуваат со експериментот направен над клетката од бактеријата од ешерихија коли. Според експертите, над геномот на бактеријата биле направени 321 промена, по што клетката станала имуна на вирусите. Истовремено, како што истакнуваат генетичарите, треба да се има предвид дека за репрограмирањето на геномот кај растение или цицач потребни се многу повеќе напори.
„Репрограмирањето на секој протеин во човековиот ген, на пример, ќе бара 400.000 промени“, прецизира професорот од Медицинскиот факултет при универзитетот Харвард, Џорџ Черч во интервјуто за порталот Stat.
Додава дека од дваесет илјади човекови гени неопходно е да се отстранат одвишните кодони, односно единици на генетскиот код.
Истовремено научниците во својата студија изразуваат убеденост дека посакуваните резултати може да се постигнат веќе по десет години. Покрај тоа, сметаат генетичарите, човековите гени може да бидат програмирани на таков начин што луѓето ќе станат отпорни на радијација, стареење и студ. Исто така, можно е да се намали и ризикот од појава на рак.