Научниците објаснија зошто не е добро да се спие до смартфон

Департманот за здравство на американската сојузна држава Калифорнија предупредува дека континуираната употреба на мобилните телефони го зголемува ризикот од рак, неплодност и некои други заболувања и препорачува уредот да не се остава во креветот во кој спиеме во текот на ноќта, а извештајот е објавен на сајтот на агенцијата .

Според документот, радиофреквентното зрачење на урдите негативно влијае врз меморијата и врз слухот, предизвикува проблеми со спиењето и главоболки, неплодност и онколошки заболувања.

Особено опасност прекумерната употреба на паметните телефони претставува за децата и тинејџерите. Бидејќи радиофреквенвентната енергија влијае врз нивниот организам во процесот на растење, влијанието на уредот станува поштетно и продолжено. Долгиот контакт со мобилниот уред предизвикува кај тинејџерите зуење во ушите, проблеми во однесувањето, па дури и губење на слухот.

Иако досега не постои утврдена јасна врска меѓу употребата на мобилните телефони и појавата на болестите, сепак, нивното негативно влијание на човечкиот организам тешко може да се побие, се додава во документот.

Авторите на извештајот препорачуваат телефонот да не се држи блиску до главата додека се води разговор, туку да се користат слушалките. Покрај тоа, неопходно е да се ограничат контактите со уредот кога последувате податоци или преземате датотеки, а, исто така, и да не го оставате телефонот во кревет или во негова близина додека спието.