Флотата сонди на американската агенција за вселенски истражувања NASA им помогна на научниците да докажат дека на површината на магнетниот штит на Земјата постојат акустични бранови, слични според структурата на биењето на барабан, а нивниот опис и можните извори се презентирани во студијата обвјавена во списанието Nature Communications.
„Многу наши колеги веќе почнаа да веруваат дека овие вибрации не постојат, бидејќи во текот на изминатите 45 години не се најдени докази за нивното постоење. Тоа делумно се должи на фактот дека за нивното недвосмислено откривање ни беше потребна цела флота од сонди во орбитата. Нашето откритие докажува дека овој ‘румор на тапаните’ постои“, вели Мартин Арчер од лондонскиот универзитет на Кралицата Марија.
Земјата, за разлика од Венера и голем број други планети во Сончевиот систем, има свое сопствено магнетно поле, кое се создава како резултат на движењето на флуидните потоци од метали во нејзиното јадро. Ова магнетно поле има улога на своевиден „штит“, кој ги рефлектира космичките зраци, кои се високоенергетски наелектризирани честички и ја штити Земјата од сончевите ветрови и емисиите од сончевата корона.
Трагите од неговото постоење се ткн Појасот на ван Ален, две области на височина од 6.000 и 58.000 километри над површината на Земјата, каде што има големо количество протони и високоенергетски електрони, „фатени“ од магнетотно поле на Земјата и се движат во вид на своевидна магнетна стапица. Тие создаваат прекрасни поларни светлини (аурори) и предизвикуваат радио пречки за време на експлозиите на површината на Сонцето.
Малку подалеку, на оддалеченост од 62.000 километри или 10 земјени радиуси, е областа која се нарекува ткн магнетопауза, невидливата граница меѓу магнетниот штит на Земјата и отворената Вселена, каде што силата на полето драстично опаѓа.
Како што забележува Арчер, откривањето на сончевиот ветер, космичките зраци и другите феномени кои постојано ја бомбардираат Земјата, ги натерале научниците да се запрашаат како нивните постојани судири со магнетопаузата ќе влијаат врз нејзиното однесувње.
Првите пресметки извршени од страна на теоретичарите во раните 1970-те години покажаа дека поради ова на „површината“ на магнитосферата се појавуваа особените стојни бранови, слична на биењето на барабани. Поради тоа, границата меѓу магнетниот штит на Земјата и отворената Вселена не е идеално сферична, туку брановидна.
Физичарите во минатото постојано се обидуваа да ги детектираат овие „збирови“ од „барабанските биења“, но истовремено потрагата по нив била попречувана од фактот што секоја секунда магнтопаузата се судира со огромен број високоенергетски космички зраци, снопови на сончева плазма и други наелектризирани честички кои не дозволуваат јасно да се „слушнат“ овие вибрации.
Арчер и неговите колеги успеале да го решат овој проблем брагодарение на среќната коинциденција во релативно неодамнешно минато, анализирајќи ги архивските податоци собрани од флотата на магнетосферните сонди THEMIS во 2007 година. На почетокот од август, како што истакнуваат научниците во студијата, сите пет сонди биле наредени во совршено рамна линија, чијшто поблизок крај е во близината со магнетопаузата, а подалечниот во длабочините на магнетниот штит на Земјата.
Истовремено, во неа навлегуваат особено брзи и доволно мали ослободувања на сончевата плазма што им овозможило на научниците да „видат и да слушнат“ како вибрира оваа граница, споредувајќи ги податоците од секој од сателитите THEMIS.
Нивната фреквенција, силината и брзината на движење, како што забележува Арчер, се покажале истоветни како што предвидувала теоријата од пред половина век, што ја потврдува нејзината веродостојност. Сега физичарите се обидуваат да најдат друг сличен настан кој конечно ќе ги затвори сите спорови околу постоењето на „барабанските биења“ на магнетниот штит на Земјата.