Научниците советуваат: Не го местете креветот наутро!

Наутро станувате, го местите креветот, пиете кафе, се подготвувате за на работа. Ова звучи како една сосема добра рутина, зар не? Меѓутоа, се утврди дека местењето кревет наутро и не баш најдобра идеја.

Доктор Стивен Претлов тврди дека ако го оставите креветот ненаместен го намалувате бројот на грини во него.

-Познато е дека грините опстануваат така што земаат вода од воздухот користејќи ги за тоа малите жлезди кои се наоѓаат на површината на нивното тело. Ако го оставите креветот ненаместен во текот на денот, водата од постелнината и душекот испарува, така што грините дехидрираат и угинуваат.

Зошто е добро да се ослободите од нив? Тие можат да предизвикаат астма, алергии и други здравствени проблеми. Покрај тоа, кој уште сака да спие со вакви суштества во креветот?!