Науката потврди: Кучињата препознаваат лош човек

Ова е прашање кое се дебатира со години: Вие му верувате на вашето куче, но дали кучето ви верува вам?

Едно неодамнешно истражување покажало дека кучињата умеат да познаат колку е сигурна некоја личност и дали може да му се верува. Кучињата се вистински детективи и можат да ни посочат дали да му верувате на друго лице или не.

Студијата е спроведена од страна на Акико Такаока од Универзитетот во Кјото, Јапонија. Научникот Такаока и неговите колеги сакале да знаат дали кучето ќе му верува на лице кое лажело.

Истражувачите го поделиле експериментот на три дела, со една цел: да дознаат дали кучето умее да разбере дали личноста е неверодостојна или не.

Еве како се одвивало истражувањето:

Експериментот започнал со тоа што сопствениците на кучиња најпрво посочувале кон сад со храна. Според очекуваното, кучињата тргнале кон храната. Вториот пат, тие посочиле кон истиот сад, но без храна во него. Кучињата инстинктивно тргнале кон садот, но набрзо сфатиле дека се измамени штом се приближиле до него.

  • Од предходно е познато дека кучињата трчаат кон објект на кој ќе му укаже сопственикот. На овој начин се верува дека кучињата можат да ги разберат човечките гестови. Но, ако гестовите се непостојани, кучето може да почне да се однесува нервозно и стресно.

Третиот пат, кучињата не би ја следеле посочувачката рака. Тие не верувале во лажговци. Во конкретниов опит учествувале 34 кучиња и сите ги покажале истите резултати. Кучињата секогаш ќе го искористат своето претходно искуство за да знаат дека некое лице е несигурно.

Господин Такаока планира да го продолжи експериментот и со волци, бидејќи тие се најблиските роднини на кучињата.

Инаку, тековниот експеримент, исто така, докажува дека кучињата се љубопитни за нови работи.

Други истражувања тврдат дека кучињата исто така контролираат како други луѓе комуницираат со нивните сопственици. Во овој експеримент, сопствениците на кучиња побарале помош од луѓето.

Следен потег, истите луѓе од кои е побарано помош се обиделе да им дадат на кучињата ужинка. Резултатот е изненадувачки!

Кучињата не прифатиле храна од луѓето што се однесувале лошо или грубо кон своите сопственици и преферирале да бидат нахранети од онаа група што им помогнале. Дури и оние кои не направиле ништо и се однесувале воздржано како одговор на молењето биле добредојдени. Но, грубите и агресивни луѓе никако не можеле да ја заземат довербата на кучињата.

Уште една студија објавена од страна на „Neuroscience“ и „Biobehavioural Reviews“, истакнува дека кучињата сосема јасно ја читаат комуникацијата меѓу нивните сопственици и странци. Во експериментот, сопствениците на кучиња побарале мала помош од две групи на непознати лица. Резултатот и овде е повторно ист: кучињата покажале добро разбирање кон социјалните правила и ги избегнувале луѓето што ги малтретирале своите сопственици.

  • Одамна е докажано дека кучињата се способни да ги прочитаат нашите гестови и изрази на лицето, а сега знаеме и многу повеќе за нив и тие дефинитивно се далеку поинтелигентни отколку што верувавме!

Тие се способни да ги дешифрираат нашите гестови, а исто така, умеат да одлучат дали сакаат да ги следат социјалните знаци. Сепак, истражувањата покажуваат дека кучињата најчесто живеат во сегашноста, без да имаат големо размислување за минатото или иднината.

Доколку погрешно го насочувате своето куче, тоа нема да ви верува и ќе одбие да ве слуша и следи. Ако вашето куче не сака некој од вашите пријатели, можеби има нешто лошо во тоа пријателство?