На 25-ти и 26-ти март Бордот на директори на Македонија 2025 одржа состанок и организираше прием со цел да ги објави своите планови за 2014 кои исто така ја вклучуваат и блиската соработка со просперитетни академски институции во Северна Америка.
Министерот за странски инвестиции на Република Македонија Џери Наумов и почесен член на бордот на Македонија 2025 кој во тој период беше на службено патување во Соединетите Американски Држави и Канада со цел да го промовира економскиот развој на Република Македонија исто така присуствуваше на овој состанок .
Министерот Наумов со ентузијазам гледа на активностите поттикнати од Македонија 2025.
„Во текот на изминатите неколку месеци, Mакедонија 2025 помогна во процесот на остварување на многу контакти со компании од приватниот сектор кои се заинтересирани за развивање на нивниот бизнис во Македонија…На состанокот дискутиравме за дополнителни стратегии за соработка со Македонија 2025 кои ќе водат кон заедничка цел, а тоа е промоција на економскиот раст и развој“, изјави министерот Наумов.
На 26-ти март, по официјалниот прием, Одборот на директори се состана во Конзулатот да дискутира на различни теми поврзани со целите на организацијата и иницијативите кои ќе се превземаат во следниот период.
На состанокот како гостин присуствуваше и Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски кој даде свое мислење за тоа како Македонија 2025 може поефективно да соработува со Владата на Република Македонија со цел да се подобри заедничкиот интерес за забрзан економски развој, преку промоција на инвестициски можности, развој на претприемништвото и едукативните програми како што е програмата на “Kellogg School of Management”.