Наумоски е дел од кормупираниот и истрошен кадар на СДС

ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДС продолжува со лаги и манипулации и во општината Ѓорче Петров. Александар Наумовски, кандидатот за градоначалник на СДС, денеска по ист терк како и неговиот лидер Заев даде лажни ветувања пред граѓаните на Ѓорче Петров.

-Наумоски ветува инвестиции во образованието, а владата која е управувана од неговата партија крати 1.5 милијарда денари во образованието, не изгради не реконструираше ниту едно училиште. Ветува инфраструктурни проекти, а владата водена од неговата партија ги стопираше сите постојни и не изгради ниту еден нов. Сите ветувања на Наумоски се флоскуларни и декларативни. Ниту се добро обмислени ниту пак има прецизни рокови, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Александар Наумоски е дел од истиот, кормупиран и истрошен кадар на СДС.

-Наумоски доби директорско место во затвор за да може да тргува и пушта на слобода криминалци и затвореници. Сега тој човек се преставува за човек кој ќе вовдел ред во Ѓорче Петров. Граѓаните на Ѓорче Петров гледаат кој гради, а кој урива, се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните немаат доверба веќе во лажните ветувања на СДС, Наумоски и Заев и на 15 октомври ќе ги казнат.