Градоначалникот на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски од владејачката СДСМ со носење бекатен плочки меѓу двата изборни круга од претседателските избори се обидува да ги разубеди граѓаните кои пред две седмици со огромно мнозинство гласаа за опозициската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, информира преку социјалните мрежи, Бојан Стојаноски, претседател на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров.
Во првиот круг од претседателските избори на 21-ви април во Ѓорче Петров со 52,52 отсто освоени гласови во убедливо водство е кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, пред кандидтот на владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, кој освои 41,17 отсто, односно станува збор за разлика од речиси две илјади гласови.
Како што оценува и Стојкоски, ваквиот изборен резултат секако се должи на неработењето на општинските власти предводени од градоначалникот Наумоски и неисполнетите ветувања од пред две години
„Ова е ул. 95 во Волково, каде што градоначалникот Наумоски на три дена до завршување на изборниот процес и вториот круг донел бекатон плочки како на „излог”, со цел да ги преубеди гласачите кои живеат тука да ја дадат поддршката за Пендаровски.
“Кафана” политиката во Ѓорче Петров е вклучена на најсилно, имено според информациите кои ги добивме од граѓаните од овој дел од Волково, ветувањето градоначалникот го дал на состанок одржан во кафеаната во с.Ново Село, на партиски состанок на кој биле дискутирани причините за големиот пораз на овој дел од општината.
Се прашувам, која е потребата од вакво потценување на сопствениот народ ?
Потценување и јасно видлива уцена која е манифестирана во видот: “Од понеделник, да видиме како ќе поминеме и кој гласал, па ќе ја направиме”.
Зошто Наумоски немаше време преку целата година па токму сега најде да го решава овој проблем на граѓаните ?
Казната од Волково и волковчани пристигна во првиот круг со 714 гласови разлика, а сега на 5-ти мај ќе биде уште поубедлива бидејќи ја изневеривте довербата што ви ја дадоа овие чесни луѓе, ги излажавте и потценивте, ги разочаравте со вашите лаги и вашето неработење.
Волково и Ѓорче Петров во првиот круг јасно ја декларираа својата определба, во вториот круг ќе биде уште поубедлива бидејќи граѓаните знаат дека заслужуваат подобро и повеќе од ова“, пишува Стојковски на својот фејсбук профил.