Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, денеска на прес конференција посочи дека Домот на културата, според неговата програма, ќе се издава без надомест за културни манифестации, како изложби на слики, ракотворби, концерти на аматерски играорни друштва и слично.
Секоја година планираме да организираме културното лето во Ѓорче Петров, рап и хип хоп фестивал, алтернативни поп-рок бендови во паркот, настап на колаж од народни песни и изведувачи на народната музика во паркот.
Реконструкција на старото училиште во с.Кучково и адаптирање во културно-едукативен центар за летна настава по природа на учениците од општината и од Град Скопје, паралелно со развој на селски туризам во с.Кучково.
Организирање на креативни работилници за изработка творби, организирање на забави со Златно славејче, Поточиња, Супер ѕвезда и други детски фестивали.
Тој најави и организирање на хуманитарни акции за деца со здравствени, финанскиски и други проблеми под мотото „Од децата за децата“.