Наумовска: Со новата концепција за основно образование и концепцијата за наставни материјали, ученикот е сега во прв план

Многу од досегашните образовни реформи придонесоа учениците да не бидат во центарот на образованието. Поважни беа електронските обврски на наставниците, кадровските решенија, „штанцањето“ на учебници низ чии содржини провејуваат многу грешки, застареност на содржините, несоодветност на јазикот и стереотипи кои мораше да ги надминуваме, рече во саботата на прес-конференција во владејачката СДСМ, Елизабета Наумовска, претседателка на партиската Комисија за образование

 

Наумовска притова тврди дека во сите изминати реформи во образованието учениците биле ставани во втор план, а дека Владата предводена од СДСМ верува дека најголемиот влог во иднината децата и малдите го прави во образованието.

„Доброто образование гради слободни граѓани, ја засилува економијата и го зацврстува демократското ткиво. Овие цели стануваат уште поактуелни во време во кое се справуваме со старите и новите предизвици, а особено сега во време на пандемијата“, рече Наумовска.

Додаде дека ветиле дека ќе развиваат автентичен модел на квалитетно образование достапно на сите, за што е донесена e новата Концепција за основно образование, а интензивно се работи на реформи и во средното образование – особено акцент се става на средно стручно образование насочено во функција на потребите на пазарот на трудот.

„Во создавањето на квалитетно образование многу вложуваме и во човековиот потенцијал. Клучот на успехот е наставникот, а без професионални и мотивирани наставници нема квалитетно образование.

Затоа во Концептот на основно образование осебно место има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови. Наставниците кои континуирано ќе учат и ќе се надградуваат ќе добиваат и повисоки надоместоци, ќе напредуваат во повисоки звања.

Темелната реформа во образовниот систем опфаќа и реформа на моделот на користење на наставните материјали. Креиран е автентичен, македонски модел на користење на наставни материјали, кој е во најдобар интерес на децата, на потребата за забрзано приближување до квалитетните образовни системи од развиените земји и созд

Македонскиот модел на примена на материјали за учење е комбиниран. За учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, имајќи предвид дека тоа е период во кој се стекнува однос кон книгата, додека за учениците од четврто и и сукцесицно во погорните одделенија се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција, но доколку некој има потреба од печатен учебник, училиштето каде посетва настава ќе ги обезбеди, а учениците ќе ја имаат можноста и самостојно да печатат дел или цел учебник.

Важно е дека материјалите за учење ќе му бидат достапни на секој ученик. Секој учебник ќе биде достапен во аудио формат на сите наставни јазици достапни за секој ученик, а за учениците со оштетен вид ќе се печатат учебници со Брајово писмо. Лектирите пак, ќе бидат достапни и понатаму само во печатена форма.

Новите генерации растат во дигиталната ера на ИТ технологијата која е составен дел од животите на најголем дел од нив. Така што користењето на таа технологија за учење, стекнување на навики кај децата истата да ја користата за пребарување, истражување и учење е всушност многу голема придобивка и градење на добар однос со технологогјата и интернетот.

Всушност, оваа учебна година учебниците се достапни во електронска верзија токму на барање на учениците.

Мора да се истакне дека реформата на основното образование во Република Северна Македонија не предвидува учебникот да е основно средство за едукација и совладување на наставната материја, туку тоа да биде наставата и интеракцијата помеѓу наставникот и ученикот.

Што значи дека учењето останува во училница. Работењето на родителите со децата се намалува, а учебниците ќе им служат на учениците само за потсетување на веќе совладаната наставна материја.

Воведувањето на новиот пристап во образованието е во најдобар интерес на децата, во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспиттвани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ОН и на СДСМ како прогресивна партија“, наброја во продолжение Наумовска.