
Целта на СДСМ е преку насилство да дојдат до фотелји, но народот го откри нивното сценарио и тоа нема да им успее.
Ова во Кворум на РСМ го посочува универзитетскиот професор Тони Науноски.
Сега во ситуација, кога СДСМ не е дел од Владата, Науновски вели дека е најважно да се стабилизира состојбата во земјата, бидејќи според него речиси две години била во заложништво на социјалдемократите. Изборите кога и да бидат, нагласува Науновски СДСМ ќе доживее невиден дебакл.
И во опозицијата се свесни дека ќе изгубат. Зошто народот веќе ги прочита. Тие што се дел од протестите како најгласни тоа го прават за огромни суми на пари и со надеж дека ќе се сместат во фотелји, вели Науновски.
Науновски апелира да се смират страстите и трезвено да се размислува. Според него невозможен е дијалог, со човек кој удрил по институциите во кои претендира да влезат негови луѓе. Го осудува чинот на фрлање боја од страна на претседателот и потпретседател на СДСМ кон министерството за правда.