Наутро магла по оделни котлини, преку ден сончево и топло

Во четвртокот во Македонија наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од 6 до 14, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат меѓу 18 и 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината наутро има појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 27 степени.