Наутро магливо, преку ден сончево и релативно топло

Во петокот наутро во оддделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе преовлчадува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди.

Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува.

Утринските температури се движат во интервалот од 2 до 8, додека максималните дневни соодветно ќе бидат од 9 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со температура до 13 степени.

Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои постепено ќе преминат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува.