Наутро студено и магливо, преку ден сончево

Во Македонија во четвртокот утрото е студено со појава на магла по одделни котлини и речните долини. Преку денот, пак, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од минус 3 до 5, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 17 и 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрото, исто така, е студено, а во делови од котлината магливо. Преку денот ќе биде претежно сончево и тивко, со максимална темпертура до 23 степени.