
Во четвртокот во Македонија по студеното утро, во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од минус 6 до 5, додека, максималната температура ќе биде соодветно во интервалот од 10 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околоната ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.