Наутро студено со магла, попладне променливо облачно

Утрото студено понекаде со услови за слаба магла или ниска облачност, преку денот променливо облачно со сончеви периоди особено во источниот дел. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 21 степени.