
Ненадејната болест на 44-годишниот Алексеј Навални, остар критичар на Кремљ, веројатно е резултат на метаболичко нарушување, изјави во петокот Александат Мураховски, началник на ургентната клиника во Омск во која е хоспитализиран рускиот блогер, пренесува Associated Press, а специјалистите наведуваат дека супстанцијата најдена на неговите раце и облека е опасна само во многу големи концентрации.
Во меѓувреме се огласи и руското министерство за здравство.
„Ја добивме првата работна дијагноза. Во прашање е метаболичко нарушување на балансот на јаглено-ходрати што може да се јави како последица на ненадеен пад на нивото на шеќерот во крвта“, соопшти минисерството.
Претходно во петокот утрото заменикот главен лекар во клиниката во Омск, Анатолиј Клиниченки, за новинарите соопшти дека истражувањата кои веќе биле спроведени не откриле никакви траги од отров во крвта или урината на Навални. Подоцна главниот лекар Александар Мураховски, исто така, за новинарите изјави дека лекарите сметаат дека главната работна дијагноза за здравствената сосојба на Навални е метаболичко нарушување, предизвикано од остриот пад на шеќерот во крвта.
Мураховски претходно додаде дека на облеката и прстите на Навални се најдени траги од индустриска хемиска супстанција, јавува Reuters. Според главниот лекар на болницата во Омск во која беше хоспитализиран Навални откако ненадејно му се слошило на летот од Томск за Москва, супстанцијата пронајдена со површинското измивање е идентификувана како „2-етилхексил-дифенил-фосфат“ и не е отров или токсична супстанција.
Супстанцијата којашто е пронајдна на рацет и облеката на Алексеј Навални, се користи за прицврстување ленти или за обвивка за сувомесни прозиводи, и за да биде отруен мора да има огромна концентрација од неа, изјавил за агенцијата РИА шефот на одделот за клиничка токсикологија при наичниот институт за итна помош, Алексеј Лодјагин,
„Станува збор за пластификатор кој се користи за прицврстување на лента, за обвивки на колбаси, а исто така како и компонента за незапалливи течности во авионите. Се однесува на органофосфати, антипиретици и пластификатории… Сосема е можно дека тој или држел залепена лента во рацете или консумирал претходно некој колбас кој бил во таков омот“, рекол Лодјагин.
На прашањето дали е возможно сериозно труење од оваа супстанција, сручњакто рекол дека за тоа „мора да има достаточно добра доза во милиграми на килограм“ тежина. „Дозите би требало да бидат големи за да се добие токсичен ефект“, додал Лодјагин.
Подоцна Мураховски објави дека била направена е уште една специјалистичка консултација во петокот вечерта спроед локално време на која учестувале и лекарите стручњаци за медцински транспорт кои пристигнаа од Германија и оти главното мнение е дека Навални во овој момент не може да биде транспортиран во Берлин или на друго место.
Мураховски потсетил дека според оние кои го придружувале Навални на патувањето рекле дека му се слошило откако авионот полетал од аеродромот во Томск, поради што лекарите имаат причина да веруваат дека неговота состојба може повторно да се влоши при измена на притисокот.
„За да се избегнат овие големи ризици, стручњаците за реанимаација од клиниката, московските колеги инстистираа пациентот да остане на лекување“, рекол Мураховски.
„Заврши уште еден конзилиум со учество на нашите колеги од Германија. Можам да кажам дека во клиниката се спроведува цел комплекс од истражувања. Нам никој не ни забележа за нешто што го правиме. Во моментов тој продолжува да се лекува на клиниката сѐ до стабилизирање на состојбата“, изјавил шефот на клиниката во Омск.
Германија: во моментов е најважно да се спаси животот
Меѓутоа, сопругата на Навални претходно во петокот го повика рускиот претседател Владимир Путин да дозволи нејзиниот сопруг да биде пренесен на лекување во Германија, која изрази желба да го прими и бара истрага во врска со наводите за неговото наводно труење. Писмото кое е објавено на социјалните мрежи е испратено директно во Кремљ.
Поддржувачите на Навални директно го обвинуваат Кремљ дека ја спречува неговата медицинска евакуација во Германија, и дека со тоа наводно го загрозува неговиот живот бидејќи наводно болницата во Омск во кој е хоспотализиран не била добро опремена. Ваквите критики за Кремљ дојдоа откако главниот лекар на болницата во сибирскиот град изјави дека преместувањето би му го загрозило животот, бидејќи сѐ уште е во бесвесна и нестабилна состојба.
„Забраната за транспорт на Навални е обид за убиство, а сега тоа го прават лекарите и подмолните власти кои тоа го одредија. Таа одлука секако не е нивна, туку одлука на Кремљ“, напиша соработничката на Навални која го придружувала на патувањето, Кира Јармиш, тврдејќи дека наводно лекарите се согласиле на неговото транспортирање но во „последен час“ се откажале од договорот.
Од друга страна, лекарите во Омск потсетуваат дека уште претходно во четвртокот било разгледувано неговото преместување во болница во Москва, но дека поради состојбата на Навални засега таквата можност не се разгледува.
Тимот на Навални ги обвинуваат дека лекарите „сакаат да одогловлечат со транспортот за од неговото тело да исчезне секоја трага дека бил отруен“. Меѓутоа, стручњаците се сомневаат дека супстанција којашто може да предизвика таква силна токсична реакција може да исчезне од организмот без траги, па и по подолг период.
Групата германски лекари го прегледала Навални, потврди неговата портпаролка Јармиш. „Германските лекари, стручњаците за реанимација, го прегледаа Алексеј Навални“, објави на Twitter Јармиш.
Таа тврди дека тимот заклучил дека тој може да биде префрлен во Берлин, како што понудиле германските власти, бидејќи ја имале потребната опрема да го заштитат неговиот живот во текот на транспортот. Меѓутоа, засега нема официјална потврда од Германија за нејзиното тврдење.
Во меѓувреме владата на Германија соопшти дека во моментов е најважно да се спаси животот на Навални.
„Најважен приорите, секако, е да се спаси животот на Навални и тој да закрепне. Сакаме да му биде пружена секаква медицинска помош која би го спасила. Германската влада го прими на знаење сериозните обвинувања дека Навални е отруен и бара тие сеопфатно и транспарентно да се испитаат. “, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт за новинарите во Берлин.
Откако лекарскиот конзилиум рече дека тој не е во доволна здравствена состојба за да може да биде префрлен на лекување во Германија, Зајберт сугерираше во болницата да се испратат личните лекар на Алексеј Навални за да утврдат дали опозицискиот активист е во состојба да го поднесе транспортот.
Берлиснкиот градоначалник Михаел Милер изјави дека Навални е добредојден во германската престолнина на лекување и дека болницата „Charite“ му стои на располагање.
Европската комисија, исто така, побара итна истрага за тоа што предизвикало Навални да подне во кома, иако претходно беше соопштено дека тој е во состојба на предизвикана кома.
„Многу сме загрижени поради здравјето на Алексеј Навални по вчерашното наводно труење. Очекуваме брза, независна и транспарентна истрага. Ако се потврди, оние кои се одговорни же мора да понесат последици“, изјави портпаролката на ЕУ за надворепна политика и безбедност, Набила Масрали и ја повика Русија да дозволи Навални да биде транспортиран на лекување во странство.
Американската амбасада во Москва оцени дека ова ќе биде „сериозен момент за Русија“, доколку тезата за наводно труење се покаже точна.
Сопругата на Навални не одговори дали смета дека летот е опасен за нејзиниот сопруг
Подоцна медиумите пренесоа дека сопругата на Алексеј Навални, Јулија, изјавила за медиумите дека лекарите во болницата во Омск не сакале да го отпуштат неговиот сопруг, меѓутоа во извештаите се истакнува дека ги игнорирала прашањата на новинарите дали смета оти летот во ваква состојба може да биде опасен по здравјето на опозицскиот активист.
Репортерите на руските медиуми од пред болницата во Омск известуват дека Јулија Навална го напуштила објектот на болницата и влегла во минибусот во кој претходно од локалниот аеродром пристигнале специјалистите од Германија. Во него таа минала неколку минути, а потоа се упатила кон друг влез во билницата каде што стоеле новинарите за да даде изјава.
„Тие (лекарите) спречуваат Алексеј да биде преместен од овде (…) Лекарите престанаа да контактираат околу три часот попладнето. Тие ги криеја германските лекари од нас. Не ни даваат да го водиме Алексеј. Сметаме дека е очигледно дека нешто крија од нас. Бараме веднаш Алескаеј да биде преместен од оваа болница, за да го одмесеме кај неговите лекари на кои им верувале“, изјавила Навална.
Еден од новинарите ѝ поставил прашање на Јулија Навална дали смета дека летот би можел да биде опасен за нејзиниот сопруг, но таа не одговорил по што се вратила во зградата на болницата.
Во меѓувреме главниот лекар на болницата во Омск, Александ Мураховски, повторно посочил за новинарите дека падот на притисокот при полетувањето на авионот претставува ризик по животот на Навални, потсетувајќи дека токму во текот на полетувањето од Томск неговата состојба нагло се влошила. Поради тоа, како што објаснил Мураховски, лекарскиот конзилиум заклучил дека во моментов воздушниот транспорт самиот по себе може да е ризичен за животот на пациентот.
Истовремено Мураховски прецизирал дека специјлистите кои во петокот учестувале на лекарски консултации кои пристигнале од Омск од Германија, се стручни за медицински транспорт на пациенти, но не се лекари.