Навални осуден за измама

Рускиот опозициски активист Алексеј Навални денеска е осуден за измама. Тој веќе издржува казна од 2,8 години затвор. За време на судењето тој се изјасни за невин.

Судот Лефортово во Москва се согласи со обвинителството, кое тврдеше дека во некои случаи, големите донации за антикорупциските и политичките кампањи на Навални ги користеле тој и неговите соработници за покривање лични трошоци.

Навални и претходно беше осуден за измама условно. Судот подоцна пресуди дека тој ги прекршил условите на условната казна и го прати во затвор минатата година.

Тој тврди дека е прогонуван од руската влада, која, како што вели, дури се обидела да го убие со отров. Москва ги негира обвинувањата, тврдејќи дека Навални соработува со непријателски странски влади за да го наруши угледот на Русија.