
Лекарите од клиниката за ургентна медицина во Омск, каде што во четвртокот итно беше хоспитализиран остриот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, под сомнение за труење, не се спротиставуваат не неговото пренесување во друга клиника, бидејќи неговата состојба се стабилизира.
Како што во петокот вечерта по локално време изјавил за новинарите заменикот на првиот лекар на омската болница, Анатолиј Калиниченко, медицинската евакуација ќе биде подготвена во текот на денот.
Поддржувачите на Навални и властите на Германија бараат опозицискиот активист да биде пренесен на лекување во Берлин, но досега лекарскиот конзилиум во Омск сметаше дека тој не може да биде транспортиран во друга медицинска установа во неговата состојба во кома.
Претходно во петокот главниот лекар на болницата во Омск, Александ Мураховски, повторно посочи за новинарите дека падот на притисокот при полетувањето на авионот претставува ризик по животот на Навални, потсетувајќи дека токму во текот на полетувањето од Томск неговата состојба нагло се влошила. Поради тоа, како што објасни Мураховски, лекарскиот конзилиум заклучил дека во моментов воздушниот транспорт самиот по себе може да е ризичен за животот на пациентот.
„Ние не се противиме на неговото пренесување во друга болница. Тоа нема да се сличи во моментот, но ќе се одвива денеска. На овој процес ќе му претходат голем број медицински мерки и ќе се почитуваат голем број правни формалности“, изјави Калиниченко.
Истканал и дека лекрите во моментов не гледаат ризик за животот на пациентот. Според наодите од спроведената електроенцефалографија, мозокот на Навални е во стабилна состојба.
„Авионскиот транспорт е можен со одговорноста на родните и германските лекари реаниматолози“, дададе главниот лекар Мураховски.
„Преговорите за префрлање на Алексеј се покренати од мртва точка. Веројатно Навални сега ќе може да биде пренесен. Штета што на лекарите им беше потребнио толку време за носење на оваа одлука. Авионот чека од утрово, а документите исто така беа тогаш подготвени“, напиша на Twitter портпаролката на Навални, Кира Јармиш која засега не излегла пред болницата каде ја очекуваат новинарите.
Шефот на одделот за анестезиологија и интензивна нега во Научниот медицинско-хируршки центар, Борис Теплих, изјавил дека на лекарите ќе им бидат неопходни неколку часови за да го подготват Навални и со екипа за реанимација да го пренесат на аеродромот во Омск, пред да биде пренесен во германската клиника.
„Тоа ќе трае неколку часови. Мораме пациентот да го сместиме безбедно и претпазливо во возилот за реанимација, а тимот за негово прифаќање мора да го подготви просторот, и потоа ќе биде обезбеден транспортот“, рекол Теплих.
Појаснил дека подготовките на авионот, возилото за реанимација и на самиот пациент за транспортирање веќе започнале. Истовремено, лекарите од Омск истакнуваат дека се подготвени и натаму да се грижат за Навални и да му ја прожат целосно неипходната медицинска помош.
„Ние самите не сметаме дека е неопходно неговото пренесување, тој може да биде лекуван и во оваа болница со должното внимание, со пружање помош, како и секој руски граѓанин, добивајќи помош во рамките на задолжителното здравствено осигурување. Но идејќи на средбата со семејството, се согласивме со тоа дека можеме да го пренесеме“, изјавил Калиниченко.
Потврдил дека била направена консултација со германските лекари кои пристигнале во Омск. Германските стручњаци сметале дека Навални може да биде транспортиран и гарантирале дека ќе го однесат во Берлин. Истовремено динамиката била позитивна „се намалува новото на критични состојби“, па руските и германските стручњаци решиле да го привремено да го одложат транспортот.
Според него, во најкус период лекарите успеале да ја стабилозираат состојбата на Навални. Калиниченко додал дека во болницата во Омск ги очекуваат придружните документи од страната којашто ќе го прими пациентот.
„Имаше повторни барања од роднините да се овозможи транспорт на пациентот било каде, сфаќајќи дека сѐ уште постојат одредини ризици. Роднините, сопругата и братот, кои се целосно потиштени, ги имаат сите податоци за дијагнозата и состојбата на пациентот и ги преземаат овие ризици врз себе, а на новното инстистирање ние сега донесобме одлука да не се противиме на неговото пренесува во друга болнициа, онаа што ќе ја посочат неговите роднини“, рекол за новинарите Калиниченко.
Од своја страна, главниот лекар на омската болници, Александр Мураховски, рекол за новинарите дека три лаборатории ги анализирале биоматеријалите и не откриле знаци на труење.
Исто така, според Мураховски, германските колеги се согласиле дека нема најитна потреба за транспорт на Навални, имајќи го предвид ризикот од можно влошување на неговата состојба.
„Бидејќи Алексеј Навални и натаму е во бесознание, сите информации ѝ беа дадени на неговата сопруга како законски застапник. Ние не препорачуваме авионски лет, но сопругата инсистира на пренесување на сопругот во германска клиника. Во моментов веруваме дека воздушниот транспорт е можен под одговорност на роднините и на германските лерари реаноматолози“, истакнал Мураховски.
Во петокот утрото во Омск долета специјализиран медицински авион за да го пренесе Навални до берлинската клиника „Шарите“, по иницијатива на организацијата Cinema for Peace. Аеордормските власти во Омск потврдиле дека полетувањето на авионот од типот „Bombardier Challenger 604“ е закажано за утрото во сабота, 22-ри август.
Полетувањето на авионот со Навални за Германија од Омск ќе биде одложено наместо рано утрото до саботата претпладнето, по барање на германскиот синдикат на авиопревозниците, соопшти за медиумите од регионалното министерство за здравство во Омск.
„На барање на германскиот медицински тим, летот ќе биде одложен до утрото на 22-ри август. Тоа се должи на барањето на синдикатот на авиопревозниците во Германија, кои ги регулираат условита за работа на персоналот на летото“, се наведува во соопштението.