Навални требало да биде разменет за руски затвореници на Запад

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во руски затвор, требало да биде заменет за некои руски затвореници држени на Запад, откри рускиот претседател Владимир Путин.

Путин рече дека високи руски функционери ја покренале идејата за размена на затвореници со Западот неколку дена пред смртта на Навални. Навални почина во февруари во колонијата на Поларните волци во Арктичкиот круг, каде што отслужуваше долга казна по повеќе обвиненија, вклучително и оние кои произлегуваат од случај за измама.

Личноста што разговараше со мене не ја ни заврши реченицата. Реков „Се согласувам“. Но, се случи она што се случи.

Путин не спомна кои и колку затворени руски државјани ќе бидат разменети. Тој истакна дека единствениот услов за размена ќе беше Навални да не се врати во земјата и да остане на Запад.

Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК), невладина организација порано предводена од Навални, претходно тврдеше дека тој требало да биде заменет за Вадим Красиков, руски државјанин, осуден за убиство во Германија кон крајот на 2021 година, и дека разговорите за тоа биле „во завршна фаза“.

Марија Певчих, актуелниот шеф на ФБК, исто така тврди дека Навални бил убиен за да се спречи размената. Москва ги отфрли сите обвинувања за ова прашање, повикувајќи на трпение до крајот на истрагата.