Навални, Тунберг и СЗО номинирани за Нобелова награда

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, Светската здравствена организација (СЗО) и климатската активистка Грета Тунберг се номинирани за Нобелова награда за мир.

Норвешкиот Нобелов комитет, кој одлучува за добитникот на наградата, не ги коментира номинациите, ниту ги објавува имињата на кандидатите, како ни оние кои не се прифатени за номинација.

Но, имињата смеат да бидат откриени од оние кои ги номинираат кандидатите.

Илјадници луѓе, од пратеници низ светот до поранешни добитници на награди ги исполнуваат условите да предложат кандидати, а Нобеловиот комитет не мора да ги поддржи сите предлози.

Меѓу предложените се движењето Black Lives Matter како и Џеред Кушнер, поранешен советник на Белата куќа и зет на Доналд Трамп, кој беше главна фигура во преговорите меѓу Израел и ОАЕ, Бахрејн, Судан и Мароко, пренесе Гардијан.