Навас за враќање во татковината плати 200.000 евра

Голманот на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен, Кејлор Навас, без дозвола на клубот отпатувал во родната Костарика, а трошоците за патот ги платил 200.000 евра.

Навас решил од пандемијата на коронавирусот, која ја тресе Европа и особено ја зафати Франција, да се засолни во татковината.

Иако во клубот му советувале да не го прави тоа, Навас изнајмил авион и отпатувал во Сан Хозе. Како што пренесуваат француските медиуми, трошоците за патот на Навас и неговото семејство изнесувале 200.000 евра.

„Ние сме човечки суштества, а понекогаш и се плашиме. Се свртуваме кон Бога и на колена молиме за да ја преземеме контролата над ситуацијата и да ни го даде мирот кој го бараме. Мораме да останеме обединети и да ги почитуваме правилaта кои ни се наметнати“, порача Навас кој во следните 14 дена ќе мине во самоизолација.

Претходно француската престолнина ја напуштија Бразилците Нејмар и Тиаго Силва, и Уругваецот Единсон Кавани.