Навивач на Челси почина откако Лампард постигна гол

Навивач на Челси од Уганда починал од последици од срцев удар откако некогашната легенда на „сините лавови“ Френк Лампард постигна гол за Манчестер Сити во натпреварот меѓу двата тима.

Фахад Мусана (24) професионално се занимавал со фудбал и бил член на Симба од градот Бомбо.

Мусана со пријателите гледал телевизиски пренос од Манчестер, и кога во 85. минута Лампард ја затресе мрежата на клубот со кој стана легенда, доживеал срцев удар, паднал на земја, а итната медицинска помош констатирала смрт.

Вчерашниот натпревар од Премиер лигата меѓу Сити и Челси заврши со реми 1-1.