Навивач на Левски во Скопје е прободен со нож

Навивач на Левски e прободен со нож вечерва во Чаир, во близина на Јахја-пашина џамија. Инцидентот се случил пред одржувањето на натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија). Од МВР велат дека тој има тешки повреди, но е во стабилна состојба.

„На 27.07.2023 во 18.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ физички биле нападнати Д.А. (29), Д.Ј.(28), Ф.Д.(31) и М.С.(30), сите од Република Бугарија, при што бил употребен и остар предмет, со кој бил повреден Д.А.. Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но според пријавеното од болницата, лицето е во стабилна состојба“, потврдиле од МВР за „Макфакс“.