Навивачи на Валенсија осудени за расни навреди на Винисиус

Тројца фудбалски навивачи на Валенсија во понеделникот беа осудени на осум месеци затвор за злосторство од омраза против бразилскиот играч на Реал, Винисиус Жуниор, што е првата пресуда донесена а расистичка навреда на фудбалските стадиони во Шпанија, објави водството на Ла Лига.

„Оваа пресуда е одлична вест во борбата против расизмот во Шпанија, бидејќи ја поправа штетата што ја претрпе Винисиус Жуниор и испраќа јасна порака до луѓето кои одат на фудбалски стадион да злоупотребуваат дека ќе бидат идентификувани од Ла Лига, пријавени и ќе претрпат казнени последици за нивното однесување“, изјави Хавиер Тебас, претседател на асосцијата на шпанските клубови.

Во Шпанија затворските казни од помалку од две години за ненасилни злосторства ретко бараат од обвинетиот без претходна осуда да одлежи затворска казна, така што тројцата најверојатно ќе останат на слобода доколку не извршат дополнителни кривични дела.

Тројцата навивачи, исто така, добија и две години забрана за влез на фудбалски стадиони.

Инцидентот се случи на стадионот „Местаља“ во Валенсија минатиот мај за време на лигашки натпревар кога Винисиус бил расно навредување.

Ова беше проследено со бран поддршка за бразилскиот напаѓач и започнаа серија домашни и меѓународни кампањи, вклучувајќи го и создавањето на антирасистички комитет на ФИФА, составен од играчи.

„За време на сослушувањето, обвинетите прочитаа писмо со извинување до Винисиус Жуниор, Ла Лига и Реал Мадрид“, се вели во соопштението на Ла Лига во понеделникот.

Винисиус оваа сезона со Реал ја освои Лигата на шампионите. Тој беше прогласен за играч на сезоната во натпреварувањето и е еден од фаворитите за освојување на Златната топка за најдобар играч во светот во октомври.

Ла Лига пријави шеснаесет инциденти на расистичка злоупотреба против Винисиус до шпанските обвинители во последните две сезони. Но некои медиуми причината за таквиот однос кон него ја гледаат и во иритирачкото и предизвикувачко однесување на играчот.

Во март, Винисиус се расплака на прес-конференција и рече дека се бори да остане мотивиран и да ужива во играњето фудбал поради постојаната злоупотреба, повикувајќи ги шпанските власти да преземат акција.