Аријан Адеми денеска го игра последниот натпревар во дресот на Динамо Загреб, а пред почетокот на мечот со Ријека, клубот и навивачите му посветија посебно внимание на македонскиот репрезентативец.
Навивачите на Динамо Загреб, „Бед Блу Бојс“, имаа посебна кореографија за Адеми, цртеж со нашиот фудбалер и неговите иницијали од страните. А над тоа транспарент на кој пишуваше „373 пати срце на терен – капитену, фала ти на сѐ“.
Пред почетокот на мечот Адеми од клубот доби дрес со бројот 373, толку пати го носеше дресот на Динамо Загреб. Доби и други награди.