Генералниот менаџер на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота, дополнително ги загрижи најверните фанови на “старата дама” со изјавата дека има вистина во информацијата дека Антонио Конте сериозно размислува за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.
“Конте е во право кога изјави дека му е потребно малку време за да размисли, за да донесе конечна одлука. Пак ќе повторам, Конте е тренер од светска класа и норамлно дека е најзаслужен за постигнатите резултати во изминатите три сезони. Најверните фанови на Јувентус со право се загрижени. Има вистина со информацијата дека е можно Конте да си замине од Торино за време на летниот преоден рок”, изјави Марота.