Фото: Република
Левото крило на Вардар, Русинот Тимур Дибиров настрада на вечерашниот меч помеѓу Вардар и Металург, откако навивачите на „Црвено-црните“ почнаа да фрлаат со запалки и метални парички кон паркетот.
Инцидентот се случи додека Наумче Мојсоски лежеше на теренот, по што навивачите на Вардар го погодија нивниот најдобар играч во главата и го раскрвавија. По ова, реагираше медицинскиот тим и повредата беше санирана.