Навивачи нападнале обезбедувач и полицајци

Двајца навивачи нападнале обезбедувач и полицајци, вчера за време на кошаркарскиот натпревар меѓу „МЗТ Скопје“ и „Работнички“ во СЦ „Јане Сандански“, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу  17.45 часот на влезот од салата, кога Ј.Б. (24) и А.Д. (33), двајцата од Скопје физички го нападнале С.Н., вработен во агенција за обезбедување, кој вршел службени дејствија како обезбедување на натпреварот.

При тоа му нанеле телесни повреди, а кога интервенирале двајца полицајци, осомничените ги нападнале и нив. Навивачите, сепак, бие совладани и  приведени во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.