Навивачите на ПАОК со тешка провокација за Македонците

Навивачите на солунски ПАОК уште една испратија тешка провокација до сите Македонци, со транспарент на трибините тие порачаа дека Македонија е една и била во Грција.

Македонија е една и единствена и таа е овде, пишуваше на транспарентот на навивачите на клубот од Солун.

Инаку, ПАОК во моментов го игра натпреварот против Спартак Москва во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, каде во моментов имаат предност од 3:2, иако имаа и негатива од 0:2.